You must enable JavaScript to view this site.
This site uses cookies. By continuing to browse the site you are agreeing to our use of cookies. Review our legal notice and privacy policy for more details.
Close
Homepage > Regions / Countries > Europe > Balkans > Macedonia > Macedonia: Make or Break

Македонија: Да се успее или не

МКГ Европа брифинг 3 Aug 2004

ВОВЕД

Додека Македонија имаше една умерено добра година, опстанокот на државата во нејзината сегашна форма – клучен елемент за стабилноста на кревкиот Западен Балкан – се́ уште не е целосно осигуран. Државата ја надмина политичката трагедија и покажа дека може да избере претседател на мирен и чесен начин и го сочува мирот, фокусирана на сопствените работи, не дозволувајќи да биде вознемирена од насилствата во соседното Косово. Меѓутоа, таа се соочува со непосреден тест на сопствената посветеност на меѓуетничкиот компромис што ја запре во зародиш граѓанската војна во 2001 година. И Скопје и Брисел мора добро да одговорат на прашањата за тоа дали навистина земјата има иднина во Европската Унија.

Трагичната смрт на Претседателот Борис Трајковски на 26 февруари 2004 година, шест месеци пред истекот на неговиот мандат претставуваше вистински изглед за политичка криза. Растечките тензии на Косово по немирите од 17-19 март го зголемија ризикот од нестабилност. Одлуката на Премиерот Бранко Црвенковски да се кандидира за испразнетото претседателско место уште повеќе ги зголеми политичките влогови.

Сепак, претседателските избори (во два изборни круга на 14 и 28 април) покажаа дека Македонија достигна едно одредено ниво на демократска зрелост и стабилност. Изборите не беа совршени, меѓутоа дури и сите обвиненија за нерегуларности да се точни, резултатот немаше да се смени. Црвенковски беше избран во вториот круг, со освоени повеќе од 60 проценти од гласовите. Ниту еден од главните кандидати не му се спротивстави на Охридскиот договор, со кој заврши бунтот на етничките Албанци во 2001 година. Изборните пораки главно се однесуваа на работи поврзани со иднината на замјата, отколку на стравот од пренесување на насилствата од Косово.

Со новоизбраните претседател и премиер (Хари Костов), вниманието е насочено кон единствената преостана важна работа од Охридскиот договор: пренесувањето на власта на единиците на локалната самоуправа. Тоа е одлучувачка работа за опстанокот на македонската држава. По долготрајните внатрекоалициони преговори, владата на 14 јули предложи да се намали бројот на општините од постоечките 123 на 80. Критиките на опозиционите албански и македонски партии беа насочени кон предложените промени на општинските граници на главниот град Скопје, и на градот во југозападниот дел, Струга, каде и во двата случаи се смета дека Албанците добиваат.

Доколку коалицијата успешно го заврши контроверзниот пренос на власта, преостануваат предизвиците за реформа на економијата и стимулирањето на вработувањето. Владата покажа слаби ефекти во овие области, претпочитувајќи го гонењето на одговорните за матните приватизациони зделки од претходната власт. Се́ уште постои и длабока загриженост за ефективноста на владеењето со правото.

Македонските политички партии остануваат и натаму слаб дел во демократскиот систем. Внатрешните борби во најголемата опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ и вакуумот на лидерското место во СДСМ по изборот на дотогашниот лидер Црвенковски за претседател покажуваат дека партиите и понатаму повеќе служат како механизми за дистрибуција на патронат и водење на изборни кампањи, наместо да бидат вистинска движечка сила на демократско вклучување.

Апликацијата за членство во Европската Унија што Македонија ја поднесе на 22 март е од особена важност за стабилноста. Изгледите за ЕУ интеграција им ја дава главната мотивација на политичарите во спроведувањето на реформски политики и го олеснува гарантирањето на мировниот соживот на најголемите етнички групи. Доколку Македонците се убедат дека ЕУ не ги сака вистински, тие повторно ќе ја стават под прашалник иднината на нивната држава. Европа значајно инвестираше во охридскиот процес и стабилноста на Македонија. Сега, таа има можност да ја капитализира својата инвестиција преку обезбедување на иднината на државата.

Скопје/Брисел, 3 август 2004 година

More Information