You must enable JavaScript to view this site.
This site uses cookies. By continuing to browse the site you are agreeing to our use of cookies. Review our legal notice and privacy policy for more details.
Close
Homepage > Regions / Countries > Europe > Balkans > Macedonia > Macedonia: Not out of the Woods Yet

Македонија: Незавршена приказна

Извештај на Кризната група за Европа бр. 37 25 Feb 2005

ВОВЕД

Премиерот Владо Бучковски и претставниците на неговата влада и опозицијата се собраа во Брисел на 14 февруари 2005 година да го предадат одговорот на Македонија на прашалникот од Европската Комисија што содржи повеќе од 3000 прашања, како последна фаза од апликацијата за членство во Европската Унија, што беше поднесена пред една година. Оваа прилика беше прославена со концерт со учество на македонски музичари во една ексклузивна сала во Брисел. Сосема соодветно за Св. Валентин, односите со ЕУ добија нова длабочина, меѓутоа бракот сè уште не е на повидок. Значајниот напредок што го постигна Македонија сè уште е кревок. Клучниот процесс на децентрализација бара внимателна имплементација, додека коалиционата влада и партиите од коишто е составена треба да донесат одредени мерки за градење на доверба.

Во минатите дванаесет месеци се случија повеќе настани. По искусувањето на трагичната смрт на Претседателот Борис Трајковски во февруари 2004 година, а потоа и изборот на Бранко Црвенковски за Претседател, се чинеше дека владата може да се врати на имплементацијата на последните елементи од Охридскиот рамковен договор за мир од 2001 година. Во април 2004 година владеачката коалиција: Социјал демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), многу помалата Либерално демократска партија (ЛДП) и нивниот партнер од редовите на етничките Албанци, Демократската унија за интеграција (ДУИ), започнаа преговори за легислативата за редефинирање на општинските граници. Со оваа легислатива, Законот за територијална организација на локалната самоуправа, се исполнува клучниот елемент од програмата за децентрализација според Охридскиот договор..

Меѓутоа, кога преговорите внатре во коалицијата наидоа на препреки, најголемата опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ, и малку познатата националистичка група, Светскиот македонски конгрес, видоа прилика политички да профитираат. Играјќи на картата на растечката загриженост помеѓу етничките Македонци дека неправедно ќе ја предадат моќта и влијанието на албанското малцинство, двете партии се изборија за референдум во врска со предложениот закон на 7 ноември 2004 година.

Иако ВМРО беше потписник на оригиналниот мировен договор, го искористи пред- референдумскиот период остро да ја критикува владината политика и општото знаење за поделба на власта меѓу етничките заедници. Владата работеше на убедувањето на своите поддржувачи со аргументација дека нејзините планови ќе гарантираат брз економски растеж, европска интеграција и подобра администрација. Појавувањето на албанска паравојска во предградието на Скопје ги зголеми тензиите и загриженоста дека македонската млада и кревка мулти етничка демократија би можела да биде сериозно загрозена.

Временски стратегиската одлука на САД да го признаат официјалното име на државата како "Македонија" помогна да се осигури несомнениот пораз на референдумот на 7 ноември. Откако гласањето помина, владата повторно можеше да ја фокусира својата политичка енергија на практичните аспекти на имплементацијата на децентрализацијата. Сепак, со последиците од референдумот коишто следуваа: локалните избори беа одложени, Премиерот Хари Костов поднесе оставка и беше назначен негов наследник, законските детаљи се уште добиваат опасно и несоодветно малку внимание. Тензиите што се зголемија со кампањата за референдум допрва треба да испарат, а разните националистички елементи во државата и натаму се подготвени да ја искористат секоја прилика во своја корист.

Референдумот и́ ја покажа на Македонија високата цена од сериозна поделба внатре во владеачката коалиција. Доколку коалицијата продолжи на сегашниот пат, циклусот од чести краткорочни кризи најверојатно ќе продолжи, владеачките партии ќе загубат на локалните избори, а целиот процес на децентрализација ќе биде загрозен. Должност е на Претседателот Црвенковски, премиерот Бучковски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да постигнат заедничка визија за иднината и да покажат политичка волја за нејзина имплементација. На ДУИ паѓа и посебна одговорност да преземе конкретни чекори во уверувањето на етничките Македонци дека во подрачјата каде што етничките Албанци добиваат мнозинство тие ќе им ги овозможат истите права и привилегии што тие ги бараат.

Скопје/Брисел, 25 февруари 2005 година

More Information