NATO Must Do More in Macedonia
NATO Must Do More in Macedonia
Внимавајте на македонската криза..може да прерасне во нова балканска трагедија
Внимавајте на македонската криза..може да прерасне во нова балканска трагедија

NATO Must Do More in Macedonia

Macedonia's peace agreement is signed and within a few days, barring further hitches, 3,500 North Atlantic Treaty Organization troops will be on the ground to collect the ethnic Albanian rebels' weapons. But no one who cares about the future of the Balkans is breaking out the champagne. Too many on both sides of the divide are only too keen to continue the struggle, and the NATO mission, as presently constructed, has neither the mandate nor the capacity to create sustainable peace. This is Macedonia 2001, but it looks unnervingly like Bosnia 1992.

More is at stake here than the breakup of a small, impoverished country, and all the human misery that could go with it. Collapse in Macedonia would likely delay achievement of a stable, multiethnic Bosnia; damage prospects for peacefully negotiating Kosovo's final status; jeopardize Serbia's democratic transition; and significantly damage NATO's credibility in Europe and beyond.

United States and European Union negotiators recognize this, and have worked overtime to craft a settlement that keeps Macedonia intact, increasing the rights of the ethnic Albanian minority in line with international standards. The agreement signed last week is a good one. It would give Albanian, the language of about one-third of the population, wider official status. It would increase ethnic Albanian numbers in the police force, especially where most Albanians live. It offers greater government decentralization, and other measures intended to give a fairer deal to the Albanian minority, while maintaining a unitary Macedonian state.

But the agreement is a very uncertain foundation for peace. Told for 10 years that their country was a Balkan success story, ethnic Macedonians are resentful at being told to transform it at the behest, as they put it, of a few hundred "terrorists." Many are convinced that making Albanian, which few of them speak, an official language will result in their inability to get public-sector jobs in their own country. Longer term, ethnic Macedonians fear that higher Albanian birth rates will leave them in the minority.

Meanwhile, the claims of ethnic Albanians for increased minority rights are compelling, and their sense of second-class citizenship intense. Although the majority of ethnic Albanian civilians have so far chosen not to take up arms and fight, the increased role of armed Albanian militants is squeezing out the moderates with whom the West expects to work in implementing the agreement. The extremists are mistaken if they think the international community will ever support a quest to split the country, but their dreams are alive.

The momentum of disintegration has been increased by the flight of citizens from their homes, roughly 10,000 a week in July. More than 150,000 -- that is, more than 7% of the population -- have fled since February.

The violence of the past weeks makes it highly questionable whether hard-won negotiating compromises can be preserved. The recent appearance of a hitherto unknown rebel force, the Albanian National Army, suggests that the ethnic Albanian militants have splintered into multiple groups. What is to be feared now is the classic pattern familiar from Middle Eastern headlines as well as earlier Balkan conflicts: extremists doing their worst precisely when peace appears tantalizingly close.

The temptation for the West to walk away from this whole messy problem is great. But that is simply not an option. The trouble is that the present NATO mission is not a credible option either. It is an obvious political compromise -- the product of a desire to be seen to be doing something, combined with a lack of will to do anything really useful.

The present concept is for a 30-day mission to collect rebel arms voluntarily deposited. But even if carried out without serious incident, this is not going to be sufficient for either side to gain confidence in the other's good faith. The ethnic Albanian rebels are bound to withhold a significant proportion of their weapons, and the ethnic Macedonians are bound to accuse them of doing so. All the preconditions will be there, in a month's time if not much sooner, for a resumption of full-scale hostilities.

As difficult as this will be to achieve politically, NATO's mission simply has to be recast. The force has to be strong enough, and stay around long enough, to see the Aug. 13 agreement through to parliamentary ratification and full implementation by both sides, with the conditions created in which displaced citizens can return home.

To achieve this, there are two absolutely essential tasks for NATO. The first is to disarm and demobilize the rebels -- not just symbolically, but in a way that gives ethnic Macedonians the confidence that this has actually happened. Part of this job is to seal the border with Kosovo a good deal more tightly than it is at the moment. The second is to give ethnic Albanians, in turn, confidence that ethnic Macedonians won't take advantage of the situation to resume military assaults.

Expanded Western involvement in Macedonia, with diplomacy and financial commitment matched by appropriate military muscle, will be a very hard sell. But the alternative is all too likely to be full-blown civil war, with a mass of larger consequences. After a decade of international involvement in the Balkans, neither our own interests nor those of the region's peoples will be served by allowing extremist Albanians or hard-line ethnic Macedonians to pull the rug out from under the country's last, best hope for a multiethnic future.

Op-Ed / Europe & Central Asia

Внимавајте на македонската криза..може да прерасне во нова балканска трагедија

На крајот на летото Македонија прогласи вонредна состојба и привремено ги затвори своите граници со Грција и Србија. Малата балканска нација се придружи на поголемиот дел од Европа во паничниот, слабо разгледан и лошо имплементиран одговор на трагедијата со азилантите. Македонија е ситен играч во таа криза, која што достигнува димензии на Voelkerwanderung – масовно движење на лица со размери невидени на континентот после падот на Римската Империја. Но, како што летото преминува во есен, Македонија мора брзо и конструктивно да ѝ пристапи на нејзината домашна криза или да ризикува насилни судири.

Таа рано годинава се соочи со два шока: скандал со прислушувани разговори кои што открија корумпирана апаратура во рацете на владеачката партија; и престрелка во етнички мешаното Куманово помеѓу полицијата и група вооружени етнички Албанци, од кои повеќето од Косово, која што резултираше со најголема регионална загуба на животи во последната деценија. Затоа што дискредитираните државни институции не можат да се справат сами, Европската Унија предводеше медијација која заврши со договор помеѓу четирите главни партии на 15ти јули. Со овој договор, тензиите се намалија доволно за Македонците да можат непречено да го искористат августовскиот одмор. Главните тестови, вклучувајќи пополнување на значителни пропусти и двосмислености, сега мора да се одработат. Ниту поновата историја, ниту пак знаците дека старите политики се враќаат на сцена, не оставаат многу простор за доверба.

Главната опозициона партија – Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ), во февруари започна со објавување на извадоци од она што се нарекува нелегална програма за прислушкување, обезбедена од неидентификувани лица. Целта на масовното следење, од најмалку 2010 до 2014 година, биле илјадници лица, вклучувајќи ги скоро сите главни функционери на водечката и опозиционата партија. Делот од објавените прислушкувани разговори е фокусиран на разговори помеѓу високи функционери на владата во кои очигледно се заговара за местење избори, манипулирање судови, контролирање на печатот и казнување на непријателите. Многу од оние кои би требало да се справат со очигледните нелегалности се вмешани. 

Сред целата оваа ситуација, полициската акција во Куманово на 9ти мај доведе до престрелка која остави зад себе цела населба во рушевини, осум мртви полицајци и четиринаесет мртви меѓу вооружените напаѓачи, како и 37 ранети полицајци и околу 30 притворени напаѓачи. Голем дел од тоа што се случи таму остана неразјаснето, вклучувајќи го и планот на групата, нивните можни сојузници од двете страни на границата, како и деталите од полициската операција.

Етничките Албанци, кои сочинуваат скоро четвртина од македонското население, се огорчени од она што ти го сметаат за второкласен статус во држава водена од етнички Македонци. Тие очекуваа повеќе од Охридскиот рамковен договор од 2001 којшто стави крај на зародишот на граѓанска војна и имаше за цел да им даде поделба на моќ во унитарна држава. Засега нема голема волја за борба, но сè додека меѓуетничкиот мир не се покаже како одржлив, понатамошни откривања на прислушкуваните разговори или некој нов смртен инцидент може напредвидливо да ги зголеми ризиците.

Откако,после распаѓањето на Југославија, излезе релативно недопрена и после Договорот од Охрид, изгледаше дека Македонија гради модерна и транспарентна држава која ги интегрира етничките Албанци во општеството, но напредокот престана, односно се влоши после грчкото вето во 2008, кое поради нерешениот спор со името, на неодредено време ја блокираше македонската интеграција кон НАТО и ЕУ. Прислушкувањето, кое покажува дека владеачките партии се здобиле со моќ и привилегии преку корупција и криминал, драматично го компромитира и етнички-албанскиот партнер кој е во владеачката коалиција. Премиерот Никола Груевски (Демократска партија за македонско национално единство, ВМРО-ДПМНЕ), којшто негира каков било престап, и опозициониот лидер Зоран Заев играат покер со висок влог.

Јулскиот договор бара од Груевски, кој ја води земјата од 2006та, да даде оставка на 15ти јануари. Преодната влада, чии клучни министерства -вклучувајќи го и она за внатрешни работи - би биле водени од опозицијата која ќе има и право на вето при изборот на другите министри, како на пример оној за финансии, треба да ги подготви изборите кои ќе се одржат 100 дена подоцна, а две години предвремено - на 24ти април. Со ова би се задоволиле поголемите барања коишто изнесоа илјадници на улиците пролетва и на почетокот на летото: оставка на Груевски и предвремени избори.

Други клучни одредби на договорот ги обврзуваат партиите да ги подобрат институциите кои имаат клучна улога во спроведување на фер избори. Тука спаѓаат Изборната комисија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Бирото за јавна безбедност, Антикорупциската комисија, Управата за јавни приходи и независното судство, кои се од витално значење за идните реформи, без оглед на изборните резултати. Најважно од сè, партиите се согласија дека специјален јавен обвинител ќе биде одговорен за истрагите поврзани со она што беше откриено од прислушкуваните разговори.

Ова ветува многу, но граѓаните на Македонија, како и Европската Унија, знаат дека ѓаволот во Македонија се крие во деталите. Во 2012-2013, откако полицијата ги истера опструктивните пратеници на СДСМ, парламентот го одобри буџетот, СДСМ го бојкотираше Парламентот, а ЕУ стана медијатор на разговорите кои доведоа до договор за решавање на кризата, кој ВМРО првично го прифати, за подоцна да го нарече „тоалетна хартија“, и на крај истиот да не биде имплементиран. Тогаш Брисел испрати виши специјалисти во Скопје за да одржат притисок со цел подобро следење на договорот: Питер ван Хут, поранешен белгиски пратеник и ветеран на претходното фијаско, и Џејмс Хамилтон, поранешен директор на Јавното обвинителство на Ирска, исклучително искусен во помагање на Балканските држави околу владеењето на правото.

Нивната работа е отфрлена. Работните групи формирани од партиите во јули се среќаваат неколку пати, со незабележителни резултати. На повидок е договор околу процедурата за граѓанска иницијатива при регистрирањето за гласање, со цел да се избегнат скокотливите прашања за ревизија на избирачкиот список. Исто така се зборува за менување на начинот на кои се поделени седиштата во Парламентот. За сè друго, ВМРО и СДСМ ги задржаа своите позиции.

Без договор за кандидат до средината на септември, ЕУ ќе беше обврзана да назначи специјален јавен обвинител. Сепак, во последен момент, на 15ти септември, четирите најголеми партии за клучната позиција ја избраа Катица Јанева - непознат обвинител од провинцискиот град Гевгелија, која предава кривично и процесно право на Академијата за судии и јавни обвинители - и ѝ дадоа право сама да одлучи за својот тим и буџет. 

СДСМ го бојкотираше Парламентот, велејќи дека ВМРО со измама ги доби изборите во 2014та. Пред опозицијата да им се врати на своите седишта во Парламентот на 1ви септември, ВМРО усвои голем буџет, за кој СДСМ се сомнева дека ќе се користи за инвестирање во проекти кои би привлекле гласачи. Никој не изгледа заинтересиран да го разоткрие инцидентот во Куманово, што би можело да значи дека поплаките од еничките Албанци се повторно ставени настрана. Накратко, маневрите водат до заклучокот дека концептот на нулта-сума во политиката не сменил многу.

Македонската политика веќе долго се дефинира со острите спротивставувања на ВМРО и СДСМ. Во поголем дел составени од етнички Македонци, и двете партии веруваат дека со правото на водење на земјата, добиваат и право да земат сè, односно настојуваат да го гледаат изборниот успех како дозвола да ја користат државата за свој личен профит.

Освен во периодот од 2006та до 2008ма година, во политиката на етничките Албанци доминира Демократската унија за интеграција (ДУИ), член на владеачката коалиција било тоа со ВМРО или со СДСМ, навидум уште откако беше формирана како политичко движење од страна на ветераните на бунтот во 2001ва. Годините поминати со поранешните непријатели ѝ одзедоа голем дел од бунтовничкиот кредибилитет, а истата е и дел од прислушкуваните разговори во кои се покажува дека соработувала со партнери кои ги омаловажуваат Албанците. Промовирањето на визија за македонски идентитет од страна на Груевски ги остави Албанците да се чувствуваат како странци во туѓа куќа, а нивното незадоволство од одбраната на интересите на заедницата од страна на ДУИ – порасна.
Изборите се одликуваат со измама и повремено насилство. СДСМ ја обвинува ВМРО за корупција и авторитаризам; ВМРО одговара дека кога СДСМ беше на власт, не беше ништо подобра. 

Однадвор владата се гледа како влада чии возови се навреме, но која владее преку страв и заплашување и ја нарекува опозицијата слаба и неорганизирана.
Прислушкуваните разговори, што ЕУ експертите ги сметаат за автентични, покажуваат нелегално следење од невидени размери. Стотици илјади снимки се фокусирани на клучна група од 4000-5000 лица, но разговорите вклучуваат околу 20000 лица во целост. ЕУ експертите заклучија дека очигледниот криминал и корумпирано однесување вклучуваат:

„...очигледна директна вклученост на високи владини и партиски функционери во нелегални активности вклучувајќи изборна измама, корупција, злоупотреба на моќ и авторитет, конфликт на интереси, уцена, ... притисок на државни службеници да гласаат за одредена партија под закана дека ќе бидат отпуштени, ... сериозни прекршувања на постапката за јавни набавки со цел нелегално да се профитира, непотизам и кронизам;... неприфатлива политичка вмешаност [со] судии, како и вмешаност со други наводно независни институции за добивање лична или партиска предност.“

Владата на Груевски не е пионер во корумпираност или во државна контрола во Mакедонија. Практиката на корупција беше вообичаена и за претходните влади, вклучувајќи ја и админстрацијата на СДСМ од 2002 до 2006. Функционерите на ВМРО велат дека, во најлош случај, не го подобриле системот, но, за разлика од СДСМ, имаат способна влада која ја зголеми стапката на вработеност и изгради националната гордост.

ДУИ е во тешка ситуација. И покрај отворениот национализам на ВМРО, ДУИ гледа мала разлика помеѓу Груевски и Заев кога станува збор за интересите на етничките Албанци. Затоа што моментално е на власт, првиот се смета за подобар партнер во некои погледи. Но, влијанието на ДУИ не е ни одблиску она што нејзините поддржувачи го посакуваат. Груевски им додели само скромен дел од буџетот и работните места, но не и национална политика или власт. Повеќето етнички Албанци сакаат целосна имплементација на Охридскиот договор, онака како што тие го гледаат: употреба на нивниот јазик во целата држава, еднаков пристап до добри работни места и значајна улога во водењето на државата. Заедниците се повеќе живеат одделни животи,комуцирајќи малку меѓу себе. Големата сиромаштија владее во областите каде живеат етничките Албанци.

Кризата зеде замав после инцидентот во Куманово. Овој инцидент рашири теории на заговор, меѓу кои и една што доби на популарност кај Албанците и про-опозиционите етнички Македонци – дека владата го исценирала настанот за да го пренасочи бесот од прислушкувањето кон погодна етничка цел.
Многу работи се несигурни: целта на борците, дали некои од нив уште се на слобода или не, нивната поврзаност, доколку таква постои, со македонските власти, способноста да се оперира неказнето на двете страни на границата, и силите што беа распоредени за да се справат со групата. Министерството за внатрешни работи брзо ја одобри операцијата, но ова беше недоволно.
Има неколку јасни работи што загрижуваат. Високите слоеви на моќ во Косово и Македонија знаеле за групата со месеци; многу нејзини членови имале претходно искуство со борење во Македонија. Неколку од нив биле и осудувани таму за прекршоци како грабеж и убиство, но сепак се движеле непречено; групата „ја третирала Македонија како свој сопствен двор“, како што кажа еден дипломат.

Постојат и многу гласини дека некои членови се поврзани со криминал, а посебно со дрога или со македонските безбедносни служби. За поранешните борци, овие приказни ја оддалечуваат групата од наративот за борбата на етничките Албанци, портретирајќи ги како маргинални играчи или криминалци.

Се вели дека клучните членови на групата го отфрлаат договорот од Охрид и дека бараат Македонија да се преуреди во федеративна држава со албанска единица. Ако нивната цел беше да предизвикаат бунт, погрешиле во пресметките. Според сите овогодинешни испитаници на нашата организација, Групата за меѓународни кризи, етничките Албанци немаат никаква желба за повторување на конфликтот. Но Куманово е трауматизирано, а политичката криза што ја обзема земјата претставува сериозен предизвик и за водството на етничките Албанци, чиј кредибилитет е нарушен поради долгите години поминати со корумпирани влади. Влошувањето на оваа криза или уште еден смртен инцидент, без разлика на неговото потекло, може брзо да ги смени ставовите.

Главните проблеми на кризата ќе опстанат и после изборите. Потребно е нешто пофундаментално од менување на местата меѓу политичарите за да може да се пристапи кон она што прислушкуваните разговори го открија, како и кон цинизмот на системот. Дотогаш, Македонија останува ранлива и чувствителна на политичко балансирање со безбедноста до границите на војна и насилни изблици како настанот од Куманово.

Сепак, вели Ерван Фуере, поранешниот Специјален Претставник на ЕУ за Македонија, „да се има само одредници [на патот кон реформи] е бесполезно“,„затоа што политичарите во Скопје се искусни во ’прифаќање понуди, но не и во нивно имплементирање’. ЕУ мора ригорозно да го надгледува она што политичарите ќе го прават во периодот до изборите. 

Нема да биде доволно само да се назначи специјалниот обвинител. Тој функционер мора да поседува не само теоретски широки моќи кои се неопходни за да се извршат задачите зададени со договорот од јули, туку и ресурси за да ги употреби истите. Истрагата треба да добие и техничка помош, која најдобро може да се обезбеди од експерти од ЕУ и од САД. 

ЕУ не треба само да надгледува и да обезбеди експертиза, туку и да ги поврзе процесот на реформи и дијалогот за членство кој се води со главните политички партии и граќанското општество, вклучувајќи го и годишниот извештај за напредокот на земјата-кандидат што Европската Комисија го издава. Потребна е и дополнителна вклученост после април, со мониторинг поекстензивен од оној што е потребен за препораките на земјите-кандидати, сè додека Европската Комисија не е убедена дека напредокот е вистински.

Куманово е посебен проблем, што партиите не би смееле да го игнорираат. Сериозна истрага можа да ги потисне стравовите, да ги расчисти околностите, да го намали ризикот од повторување и да превенира киднапирања за лажни политички или етнички наративи.
Оваа криза покажува дека Македонија е помалку демократија со тешкотии отколку земја на која и треба транзиција кон демократија, нејзините партии често даваат впечаток дека имаат помалку проблеми со преземањето на државата, отколку со тоа кому таа ситуација користи. 

Денес, само мал дел од заедницата на етничките Албанци е подготвен на борба, но многу од нив се разочарани од имплементацијата на Охридскиот договор и се согласуваат со целите кои ги мотивираа некои од напаѓачите во Куманово.
Итно се потребни реформи, поголеми од предвремените избори. Репутацијата на Македонија дека таа е земја скоро и на чело на Западен Балкан е разнишана. Земјата има модерна законодавна и регулаторна рамка која е свртена нанадвор и со тоа ја остава непотистичката машинерија недопрена, до стапка која ги надминува сличните дисфункции во регионот, посебно во Црна Гора и Србија.

Ова е главниот проблем за ЕУ; Македонија разви имунитет кон лековите кои си ги препишува. Знае како формално да го имплементира она што се бара од неа, но и како да се осигура тоа да не направи голема разлика.

Може да е потребено да се помине по патот на слепи обиди и случајни успеси за да се развијат подобри терапии, но третманот веќе одамна требаше да почне и нема реална шанса целосно и сам да се администрира. Влијанието на ЕУ е помало од она што некогаш изгледаше дека е затоа што членството не е на повидок, но Брисел сè уште има најголемо влијание и задржува безбедносни интереси при помагањето со трансформациските промени. Американски помошник-државен секретар беше во Скопје токму пред договорот од јули; Американскиот Амбасадор треба да продолжи да дава поддршка.

Договорот од јули треба да оживее есенва, но исто така треба да доведе до креативна и наметлива соработка со државните власти во надгледувањето на она што навистина се случува со ветените реформи. Брисел треба да се воздржи од ставање каков било печат за одобрение сè додека нема солидна основа за тоа. Мора одблиску да се внимава, затоа што скептичното внимание на политичко ниво носи неприфатлив ризик од уште една балканска трагедија.

This article first appeared in NovaTV.

Subscribe to Crisis Group’s Email Updates

Receive the best source of conflict analysis right in your inbox.